Достапни линкови

Европратениците се сретнаа со СДСМ, во моментов разговараат со ВМРО-ДПМНЕ


Заврши одвоената средба меѓу претставниците на СДСМ, Радмила Шекеринска, Рената Треневска-Дескоска и Виктор Габер и европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Рочард Ховит, во рамки на дијалогот, кој со посредство на Европскиот парламент се води со претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за ставање крај на политичката криза во Македонија. Во моментов се одржува одвоена средба меѓу Вајгл, Кукан и Ховит со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски. Според најавите, доколку европратениците и претставниците на Еврокомисијата од средбите добијат впечаток дека има допирни точки за можен дијалог и договор, тогаш околу 15 часот се очекува да се одржи заедничка средба меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

XS
SM
MD
LG