Достапни линкови

ОБСЕ со критики за изборната победа на претседателот на Узбекистан


Централната изборна комисија на Узбекистан соопшти дека актуелниот претседател Ислам Каримов, освоил лесна победа на изборите, која е критикувана од страна на меѓународните набљудувачи и осудена од страна на неговите противници од странство. Наведувајќи ги резултатите од изборите на 29 март, шефот на изборната комисија соопшти дека Каримов победил со нешто повеќе од 90 отсто од гласовите. Тој изјави дека 17,2 милони луѓе или над 90 отсто од гласачите гласале за Ислам Каримов. Тој ги елиминираше повеќето од опозициските лидери во последните 25 години на власт и се очекуваше да го освои четвртиот мандат. Каримов се бореше протв три малку познати кандидати, кои го пофалија за време на кампањата.

XS
SM
MD
LG