Достапни линкови

Хашкиот трибунал побара Шешељ да се врати во притвор


Жалбениот совет на Хашкиот трибунал денеска побара од Судскиот совет итно да ја повлече одлуката за привремено ослободување на лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешељ и да му нареди да се врати во протвор, соопшти денеска Хашкиот трибунал.

Шешељ денеска изјави дека нема доброволно да се врати во Хаг и дека стои зад се што изјавил откако се вратил во Белград, јавува Танјуг. „Да видиме како ќе ме апсат Александар Вучиќ и Томислав Николиќ, изјави Шешељ за „Новости“, додавајќи дека се наоѓа во седиштето на радикалите и дека врши партиски работи. Шешељ истакнал дека државата ќе мора да ја почитува временската постапка за екстрадиција и дека во тој период ќе се обиде да го оспори барањето на Хаг да се врати, бидејќи во Холандија му се загрозени сите права.

XS
SM
MD
LG