Достапни линкови

Јункер и Могерини ја откажаа посетата на Украина


Шефот на надворешната политика на Европската унија, Федерика Могерини ја одложи планираната денешна посета на Украина, откако и претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, го направи истото. Канцеларијата на украинскиот претседател соопшти дека Јункер го известил Порошенко дека ја одложува посетата поради здравствени причини. Портпаролот на Јункер на Твитер објави дека одложувањето е поради потребата од мал трертман за отстранување на камења од бубрезите. Официјален претставник на ЕУ исто така соопшти дека Могерини нема да патува во Киев. Од Јункер и Могерини се очекуваше да изразат поддршка за украинската прозападна влада, која се бори против проруските сепаратисти во источна Украина и се соочува со сериозни економски проблеми.

XS
SM
MD
LG