Достапни линкови

Победа на конзервативците на локалните избори во Франција


Француските конзервативци и нивните сојузници, според излезните анкети, победиле на вчерашната втора рунда од изборите за административните окрузи или департмани. Анкетите покажуваат дека конзервативците предводени од поранешниот претседател Никола Саркози победиле во над 60 од вкупно 101 департман. Екстремно десничарскиот Национален фронт забележал добар резултат но тоа не биле доволно за победа во некој департман. Владејачката Социјалистичка партија и нејзините сојузници би можело да загубат 30 департмани. Аналитичарите овие избори ги сметаат за тест пред претседателските што треба да се одржат во 2017 година.

XS
SM
MD
LG