Достапни линкови

Резултати од претседателските избори во Узбекистан


Узбекистанската Централна изборна комисија соопшти дека денеска ќе ги објави првичните резултати од вчерашните претседателски избори во таа земја. Се очекува на нив да победи сегашниот претседател Ислам Каримов со што ќе добие четврти мандат на таа функција. 77 годишниот Каримов во изминативе над две децении на власт ја елиминира опозицијата. Критичарите велат дека на сегашните избори Каримов избрал ривали, тројца против кандидати од провладините партии, кои всушност воделе кампања токму за него. Одѕивот на изборите бил околу 91 насто од гласачите.

XS
SM
MD
LG