Достапни линкови

ЕП посредува меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ


Претставници на најголемата македонска владејачка партија ВМРО ДПМНЕ и на најголемата опозициска партија СДСМ ќе се состанат денеска во Брисел под покровителство на Европскиот парламент. Тоа ќе биде прв обид за старт на преговори меѓу двете партии за да се надмине политичката криза во земјата. СДСМ на состанокот во Брисел ќе биде претставен од Радмила Шеќеринска, а ВМРО ДПМНЕ најверојатно од шефот на дипломатијата Никола Попоски. Се очекува на состанокот да присуствуваат тројца пратеници во европарламентот Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит.

XS
SM
MD
LG