Достапни линкови

Груевски: Вистината не може да се базира на лаги и монтажи


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Вистината не е монопол на еден залутан тип во политиката како што е тој од СДСМ, туку вистината се идеите, принципите, вредностите во кои веруваш и за кои се бориш, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешниот собир во Штип.

„Вистината не може да е креирана и базирана на лаги, местенки и монтажи, сценарио кое за нарачателите има цел дестабилизација, а за извршителите да се доберат до власт која народот на избори одбива да им ја даде. Вистината, не е ако некој на сила сака да спроведе туѓа агенда и да сее зла крв, провокации, гнев насекаде. Тоа може да е само вистина за неговата личност и состојба на дух и ништо друго“, рече Груевски.

Претходно, на присутните им се обрати вицепремиерот Владимир Пешевски кој меѓу другото порача дека ВМРО-ДПМНЕ и Владата ќе ја задржат стабилноста на земјата и ќе ги реализираат ветените проекти.

XS
SM
MD
LG