Достапни линкови

logo-print

Митинг за намалување на тензиите меѓу украинските власти


Игор Коломојскиј, гувернер на Дњепропетровск.

Игор Коломојскиј, гувернер на Дњепропетровск.

Жителите на украинскиот град Дњепропетровск одржаа, како што рекоа, „митинг на единство“ заради ублажување на судирот меѓу претседателот Петро Порошенко и регионалниот гувернер на областа што изби деновиве. Порошенко на 25 март го разреши моќниот тајкун Игор Коломојскиј од функцијата гувернер на Дњепропетровск, регион кој е во близина на териториите под контрола на бунтовниците во југоисточна Украина. Коломојскиј беше разрешен поради јавниот спор за контрола врз државните нафтени компании и обвинувањата дека користи приватна армија за да ги заштити и промовира своите интереси. Тој беше еден од сојузниците на владата, а неговите милиции спречија проруските сепаратисти да се пробијат на исток од границите на Доњецк и Луганск.

XS
SM
MD
LG