Достапни линкови

logo-print

Антитерористичка операција во Тунис


Илустрација.

Илустрација.

Туниските сили убиле деветмина милитанти од организацијата Окба Ибн Нафаа, вклучително и нивниот лидер, алжирскиот милитант Локман Абу Сахр, во антитерористичката операција на југот на земјата. Акцијата почна како одговор на нападот врз музејот Бардо во Тунис во кој беа убиени 21 странски туристи на 18 март. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава, но туниските власти ја обвинија организацијата Окба Ибн Нафаа. Денеска во Тунис е најавен марш на солидарноста на кој се очекува да учествуваат илјадници луѓе. На маршот ќе учествуваат и францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренци, како и други странски политичари.

XS
SM
MD
LG