Достапни линкови

Кери останува на преговори во Швајцарија


Американскиот државен секретар Џон Кери ги откажа плановите за враќање во САД, каде што требаше да присуствува на настан во чест на Едвард Кенеди, за да продолжи со преговорите за иранската нуклеарна програма во Швајцарија. Кери и Кенеди 25 години беа заедно во американскиот Сенат и беа блиски пријатели. Стејт департментот вчера соопшти дека останува сериозна и тешка работа за преговарачите и оти се очекува забрзување на темпото на преговорите. Крајниот рок за постигнување договор е 31 март.

XS
SM
MD
LG