Достапни линкови

Грчкиот министер за енергетика во посета на Русија


Претседателот на Газпром, Алексеј Милер.

Претседателот на Газпром, Алексеј Милер.

Грчкиот министер за реконструкција на производството, животна средина и енергетика Панајотис Лафазанис ќе разговара во Москва со руски претставници за соработката меѓу Грција и Русија во сферата на енергетиката, соопшти прес-службата на Министерството за енергетика.

Лафазанис денеска заминува во посета на Москва на покана на рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Тој утре ќе разговара со Новак за енергетски прашања со акцент на врските меѓу двете земји во сферата на енергетиката.

Лафазанис во Москва ќе се сретне и со претседателот на Газпром, Алексеј Милер, со претставници на Државната дума и на Владата.

XS
SM
MD
LG