Достапни линкови

logo-print

Пакистан евакуира свои државјани од Јемен


Илустрација.

Илустрација.

Пакистан соопшти дека ќе испрати авион во Јемен за да почне со извлекување на неговите државјани во ек на воздушната кампања предводена од Саудиска Арабија против шиитските бунтовници кои држат под контрола голем дел од земјата. Ќе бидат евакуирани околу 600 пакистански државјани кои се собрани во близина на пристанишниот град Ал Ходеида, соопштуваат пакистански претставници, кои велат дека ќе бидат испратени и други авиони кога јеменските власти ќе дадат дозвола. Исламабад соопшти дека во Јемен живеат околу 3.000 пакистански државјани. Коалицијата со 10 сунитски арапски држави, предводена од Саудиска Арабија, почна воздушни напади против шиитски бунтовници Хаути на 26 март. Саудиска Арабија го обвинува Иран дека ги поддржува Хаути бунтовниците.

XS
SM
MD
LG