Достапни линкови

logo-print

Продолжува тематскиот конгрес на ДУИ


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Со панел дискусии на конкретни теми, денеска во Скопје продолжува дводневниот конгрес на ДУИ, кој треба да финишира со усвојување заклучоци.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера на првиот ден од тематскиот конгрес ги повика сите партиски органи и секој член да го подигнат внатрепартиското единство, да го продолжат градењето партнерство со меѓународната заедница кон членство во НАТО и ЕУ, да продолжат со напорна работа кон целосна имплементација на Охридскиот договор и целосно остварување на рамноправноста, како и да се продолжи со одговорноста кон граѓаните.

Програмските определби, според него, ДУИ треба да ги гради во соработка со Брисел и Вашингтон, затоа што со евроатлантската заедница, подвлече, делиме исти вредности и цели и не обединува заедничкиот интерес, а тоа е интеграцијата во НАТО и Европската унија.

Во врска со објавувањето на прислушуваните телефонски разговори од страна на СДСМ, Ахмети посочи дека побарал меѓународен мониторинг со политички тим засилен со правни и истражни експерти. Решението на актуелната политичка криза, ја гледа во итно поставување политички дијалог меѓу политичките партии со политичко посредување на ЕУ во соработка со Вашингтон со однапред одредена агенда со упорност се до нејзино целосно спроведување.

„На политичкиот дијалог мора задолжително да и се приклучи и ДУИ, бидејќи ниту едно решение за Македонија не може да биде одржливо без учество на втората по големина заедница во земјата“, истакна Ахмети.

Тој додаде оти исходот од политичкиот дијалог е потребен за враќање на политичката стабилност во земјата, да го отвори патот за институционално решавање на аферата со прислушувањето, да ја врати парламентарната демократија.

XS
SM
MD
LG