Достапни линкови

Русија и САД ќе градат нова меѓународна вселенска станица


Илустрација.

Илустрација.

Руската федерална вселенска агенција, Роскосмос, денеска објави дека ќе работи со НАСА на изградба на нова вселенска станица што треба да ја замени Меѓународната вселенска станица. Директорот на Роскосмос, Игор Комаров додаде дека „ова ќе биде отворен проект, во кој може да учествуваат не само учесниците во Меѓународната вселенска станица. Ќе биде отворен за сите кои сакаат да учествуваат. Руската и американската вселенска агенција неодамна се согласија да ги прошират операциите на Меѓународната вселенска агенција до 2024 година. Русија претходно соопшти дека ќе се повлече од проектот до 2020 година. Сепак, рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин, кој е задолжен за руската вселенска програма, напиша дека Москва ги разгледува резултатите од разговорите меѓу Роскосмос и НАСА и оти наскоро ќе биде донесена одлука.

XS
SM
MD
LG