Достапни линкови

logo-print

Се наближува крајниот рок за договор за иранската нуклеарна програма


Министрите за надворешни работи на Франција и на Германија, Лорен Фабиус и Франк-Валтер Штајнмаер, им се придружија на американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф во Лозана, Швајцарија, на разговори за нуклеарната програма на Техеран. Крајниот рок до кога треба да се постигне договор е 31 март. Договорот има за цел намалување на нуклеарните активности на Иран, во замена за олеснување на западните санкции кон Техеран. Фабиус им изјави на новинарите дека договорите биле „долги и тешки“.

„Ние сме во напредна фаза за одредени прашања, но не доволно за другите“, изјави Фабиус.

Штајнмаер изјави дека преговорите се во завршна фаза. Се очекува на разговорите во Лозана да се приклучат и министрите за надворешни работи на Русија и на Велика Британија, како и висок кинески претставник.

XS
SM
MD
LG