Достапни линкови

Ослободени двете Чехинки од заложништво во Пакситан


Двете млади Чехинки кои беа киднапирани во Пакистан во 2013 година се ослободени и вратени дома. Чешкиот премиер Павел Соботка денеска изјави дека двете жени се веќе во родната земја. Турската хуманитарна организација ИХХ наводно помогнала во преговорите за нивно ослободување. Тие беа заробени од вооружени луѓе во провинцијата Балучистан во јужен Пакистан на 13 март 2013 година. Двете жени, кои во тоа време имале по 24 години, патувале со автобус од Иран кон Индија. Додека беа во заложништво на Фејсбук беше објавена видео снимка од нив. Тие тогаш рекоа дека се во добра здравствена состојба, но оти животот им е во опасност. На втората виде снимка што беше објавена во октомври 2014 година, тие побараа од чешката влада да помогне во нивното ослободување, велејќи дека здравствената состојба им се влошува.

XS
SM
MD
LG