Достапни линкови

logo-print

И Русија во Азиската инфраструктурна инвестициска банка


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Русија е последната земја што објави дека ќе ѝ се придружи на Азиската инфраструктурна инвестициска банка предводена од Кина, чие седиште ќе биде во Пекинг. Рускиот вицепремиер Игор Шувалов ова го објави денеска на меѓународен форум во Кина. Русија е последна во низата земји, меѓу кои и многу блиски сојузници на САД од Европа и Азија, кои објавија дека планираат да ѝ се придружат на банката пред крајниот рок, 31 март, и да станат земји основачи. Банката со капитал од 50 милијарди долари ќе финансира инфраструктурни проекти, како нови патишта и железници, во Азија. САД изразија само млака поддршка за банката, велејќи дека се загрижени дека таа може да не ги почитува меѓународните стандарди за транспарентност, животна средина и работни услови.

XS
SM
MD
LG