Достапни линкови

Во Јемен започна Самитот на Арапската лига


Во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, започна Самитот на Арапската лига. Египетскиот претседател Абдел Фата ал Сиси на отворањето на Самитот повика за создавање на заедничка Арапски воена сила која треба да се соочи со регионалните безбедносни закани.

Арапските лидери се состанаа за да разговараат за кризата во Јемен и можните одговори за решавање на хаосот.

Во Јемен насилството се шири од минатата година кога Хаути милицијата поддржана од Иран го зазеде главниот град Јемен и беше тргнат од власт претседателот Абд Рабу Мансор Хади.


Претходно оваа недела коалицијата на арапски земји предводена од Саудиска Арабија започна воздушни напади врз позициите што ги држи Хаути полицијата во Јемен, особено во главниот град Сана.

XS
SM
MD
LG