Достапни линкови

Расчистени цвеќињата од местото на убиство на Немцов


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Група луѓе облечени во темна облека ноќеска дошле на мостот во Москва каде што минатиот месец беше убиен рускиот опозициски лидер Борис Немцов и го тргнале цвеќето и другите предмети оставени во чест на убиениот политичар. Поддржувачите на Немцов често го посетуваат мостот во близина на Кремљ каде што на 27 февруари беше убиен опозиционерот и оставаат букети цвеќе, свеќи и негови фотографии. На видео снима објавена на социјалните мрежи се гледа дека група луѓе околу 2 часот по полноќ по локално време ги собираат предметите и ги фрлаат во вреќи за ѓубре. Ова е втор пат местото да биде расчистено од предметите во чест на Немцов. Неколку луѓе од досега непознатата организација што се нарекува Ослободително движење СЕРБ на 24 март се фотографирале како го расчистуваат неформиралниот меморијален споменик на Немцов. Главниот уредник на радиото Ехо Москви, Александар Венедиктов, денеска објави дека поддржувачите на Немцов повторно почнале да оставаат фотографии и цвеќиња на местото.

XS
SM
MD
LG