Достапни линкови

Тематски конгрес на ДУИ


Илустрација.

Илустрација.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска и утре во Скопје ќе одржи тематски конгрес, на кој во четири сесии, меѓу другото, ќе се расправа за евроинтеграциите, за Рамковниот договор и за економскиот развој.

Како што најави потпретседателот на ДУИ Абдилаќим Адеми, согласно статутот на партијата и интересот на делегатите, се очекува на крајот од конгресот да биде донесена и резолуција во која ќе биде содржана и натамошната политичка ориентација, односно определба на ДУИ за во иднина.

На овие тематски дебати, според Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ, се очекува да присуствуваат и Даниел Сервер, Ерван Фуере, Александар Маљас и други познати политичари и експерти.

XS
SM
MD
LG