Достапни линкови

Владина пропаганда за сеење страв


Во пишувањата дека опозицијата потпомогната со испамски радикали подготвува црно сценарија, експертите гледаат пропагнада на власта за заплашување на граѓаните.

Пропаганда типична за авторитарни режими и обид за заплашување на граѓаните се објавите во медиумите дека опозициската партија СДСМ заедно со генералот Стојанче Ангелов и движењето Беса подготвува граѓанска војна, коментираат експертите.

Секоја критика на владата е критика на самата држава и секој што ја критикува владата работи против државата, значи во таа насока се најновите пропагандни обиди на владата за дисквалификација на критиката на владата од страна на опозицијата врз основа на прислушувани разговори.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Вчера медиумите кои во јавноста важат за провладини, јавија дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев подготвува црно сценарио за Македонија, потпомогнато од радикални исламски елементи.

Професор Здравко Савески вели дека една од главните постулати на пропагандата на недемократските режими е идентификување на критиката на власта со вршење на антидржавно делување.

„Секоја критика на владата е критика на самата држава и секој што ја критикува владата работи против државата, значи во таа насока се најновите пропагандни обиди на владата за дисквалификација на критиката на владата од страна на опозицијата врз основа на прислушувани разговори“, вели Савески.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека веќе станува пракса во Македонија кога работите политички се заглавуваат, тогаш се прават обиди да се заплаши народот и да се бара друго решение. Тој смета дека токму власта го измислила сценариото за граѓанска војна.

„Мислам дека таа теза не држи, не е реална, туку власта се обидува зад стравот да го прикрие својот идентитет, криминалот и аферите што ги има. Ова веројатно ќе го сврте вниманието на народот и на факторите една недела, односно одредено време, време што му е потребно на ВМРО-ДПМНЕ да се преструктуира, односно да спрема нова стратегија“, вели Демири.

Мислам дека таа теза не држи, не е реална, туку власта се обидува зад стравот да го прикрие својот идентитет, криминалот и аферите што ги има.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Савески смета дека целта на сето ова е да се засили идентификацијата на граѓаните со власта.

„На тој начин што кај граѓаните ќе се создаде свест дека овие кои ја критикуваат владата работат против интересите на државата со типична нишка на пропагандата на недемократските земји дека фактички оние кои ја критикуваат власта одработуваат за странски интереси или држави, што е типично за пропагандата во недемократските режими.“

Демири додава дека без оглед на се таквите најави и сценарија се штетни за државата.

„Особено кога станува збор за меѓуетничките односи. И одобено од оној страв дека има прислушувани разговори за овој или оној, дека има материјали за случајот Монструм итн., сите тие стравови стануваат реалност. Мислам дека овојпат владата претерува во игра со такви манипулации.“

Медиумите за објавени информации се повикаа на анонимни извори од безбедносните служби и опозицијата.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG