Достапни линкови

Во понеделник прв состанок во Брисел за надминување на политичката криза


Пратениците во Европскиот парламент Иво Вајлг, Едвард Кукан и Ричард Ховит попладнево соопштија дека во понеделник во Европскиот парламент во Брисел ќе се одржи првиот состанок со претставниците на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ, за надминување на политичката криза во Македонија. Најавено е дека средбата ќе се одвива зад затворени врати, а тие ќе ја имаат улогата на олеснувачи. СДСМ ќе го претставува потпретседателка Радмила Шекеринска, а министерот за за надворешни работи Никола Попоски ќе го претставува ВМРО-ДПМНЕ. На средбата не се очекува пратениците од Европскиот парламент да понудат решение, туку да се обидат да ги најдат заедничките точки за можен договор, односно да се обнови политичкиот дијалог, СДСМ да се врати во Собранието и да се дојде до институционална и политичка разврска на случајот со прислушувањето.

XS
SM
MD
LG