Достапни линкови

Асад: Западот сака да ја ослабне Русија


Сирискиот претседател Башар ал-Асад, вели дека Западот се обидува да ја ослабне Русија со претворање на Украина во марионетска држава. Во коментар објавен на „Русискја газета“, Асад вели дека иста тактика се употребува против Сирија. Тој вели: „Како прво, поради тоа што двете земји се важни за Русија и како второ, бидејќи целта во давата случаи е да се ослабне Русија и да се претвори во марионетска држава.“ САД и Европската унија воведоа санкции против Русија поради нејзината улога во украинскиот конфликт. Русија е долгогодишна сојузничка на Сирија. Асад додаде дека ќе биде добродојдено зголеменото руско воено присуство на сириските пристаништа, вклучително Тартус. Во меѓувреме, Интерфакс цитираше неименуван извор како вели дека Русија во моментов нема планови за целосна надградба на Тартус во воена база.

XS
SM
MD
LG