Достапни линкови

Милионски разлики во сумите за „кинеските“ автопати


Илустрација.

Илустрација.

На интернет страницата на кинеската компанија што ги гради двата автопати во Македонија пишува едни суми, а владата претстави други. Ниту едните, ниту другите не објаснуваат на што се должи разликата.

Големи разлики во сумите за двата автопата може да се забележат ако се отвори интернет страницата на кинеската компанија Синохидро и она што беше соопштено од македонската влада. За автопатот Кичево-Охрид, компанијата наведува сума од 56,116 милиони долари, а при презентацијата на проектот во Македонија во 2013 година, министрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски излегоа со сума за истиот автопат од 374 милиони евра. За автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип на интернет страницата на Синохидро стои сумата од 30,93 милиони американски долари, а во Македонија беше презентирана сумата од 206 милиони евра.

Во студијата на странската консултантска фирма која што владата ја плати од средства од буџетот на Република Македонија се наведуваше дека километар автопат Миладиновци-Штип треба да чини некаде 1,7 милиони евра, а во договорот што ни беше презентиран во собранието одеднаш видовме сума од некаде 3,9 милиони евра.

На што се должи оваа разлика во цените објаснување побаравме и од кинеската компанија и од Министерството за транспорт и врски, но и од двете места не одговорија на поставените прашања.

Илустрација.

Илустрација.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера на прес-конференција рече дека била договорена провизија повисока од 25 милиони евра за двата автопата, а дека потоа законот и одговорноста била префрлена врз пратениците. Тие, пак, и владејачките и опозициските, во октомври 2013 година гласаа за законот и кредитот од Ексим банка. Но, и тогаш пратениците од СДСМ обвинуваа дека се работи за корупциска зделка посочувајќи дека во Србија друга кинеска фирма гради автопат од 190 километри за 333 милиони долари. Тие тогаш бурно реагираа и зошто зделката се доделува на компанијата без тендер.

Прво би требало обвинителот да се нафати и да постапува по објавата на опозицијата. Во случај кога за такви провизии, злоупотреби обвинителот во разумен рок што го имаат во согласност со кривичниот законик не презема ништо тогаш антикорупциската комисија би се вклучила и би го прашала обвинителството зошто до сега нема постапка, дали има и до каде е ситуацијата,

„Опозицијата жестоко реагираше од едноставна причина затоа што во студијата на странската консултантска фирма која што владата ја плати од средства од буџетот на Република Македонија се наведуваше дека километар автопат Миладиновци-Штип треба да чини некаде 1,7 милиони евра, а во договорот што ни беше презентиран во собранието одеднаш видовме сума од некаде 3,9 милиони евра“, вели тогашниот пратеник од НСДП, Горан Мисовски.

На сите обвинувања изречени на седницата реагираше и самиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

„Ние како држава, економскиот тим на Владата, господинот Пешевски, Ставрески, директорот на јавното претпријатие предводени од премиерот навистина посветивме многу време и енергија овие закони денес да бидат пред вас. Очекувам сите сложно да ги изгласате пратениците, а ако има некоја, ако некој направил глупост, вклучително мене, ќе одговараме покасно или порано“, одговорил министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на обвинувањата за корупција од опозицијата искажани на седницата на 25 октомври 2013 година.

Според Ариф Муса, кој беше член на Државната комисија за спречување корупција до 2011 година, по објавувањето на материјалите вчера државните институции треба да почнат истрага.

„Прво би требало обвинителот да се нафати и да постапува по објавата на опозицијата. Во случај кога за такви провизии, злоупотреби обвинителот во разумен рок што го имаат во согласност со кривичниот законик не презема ништо тогаш антикорупциската комисија би се вклучила и би го прашала обвинителството зошто до сега нема постапка, дали има и до каде е ситуацијата“, вели Муса.

Јанакиески вчера по објавите на опозицијата на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека „процесот е воден на највисоко професионално ниво и постигнатите резултати се такви на кои можеле да бидеме горди“. Вицепремиерот Пешевски, пак, рече дека преговарале за намалување на цената на автопатите.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG