Достапни линкови

Полска со обвиненија против контролорите за авионската несреќа во 2010 година


Полска планира да поднесе обвиненија против двајца руски контролори на воздушен сообраќај за уривањето на авионот во 2010 година, при што загинаа 96 луѓе, вклучително и тогашниот полски претседател Лех Качински. Полскиот обвинител соопшти дека контролорите биле вклучени во комуникацијата со авионот во близина на градот Смоленск. Тој не ги кажа имињата на контролорите, ниту детали од обвиненијата. Полска е една од најострите критичари на Русија за нејзиното мешање во Украина и многу е веројатно дека Русија нема да ги екстрадира контролорите да ги слушнат обвиненијата. Освен претседателот Кчински, во авионот беа голем број високи претставници на Полска.

XS
SM
MD
LG