Достапни линкови

Таџикистански имами повикуваат да се затвори исламска партија во земјата


Имами од неколку џамии низ Таџикистан ги повикаа муслиманите во земјата да го поддржат затворањето на Исламската ренесансна партија и со референдум да ја распуштат официјалното регистрираната исламска партија во поранешната советска земја во Централна Азија. Во писмото дистрибуирано до имамите пред денешните петочни молитви се вели дека распуштањето на партијата ќе му помогне на Таџикистан „да ја избеге судбината на другите земји каде исламските екстремисти го нарушуваат редот и стабилноста. Во централната џамија во Душанбе, таџикистанскиот заменик муфтија Домуло Саидакхбар ги повика верниците да ја распуштат партијата преку референдум.

XS
SM
MD
LG