Достапни линкови

Германските власти најдоа докази дека копилотот на Германвингс бил болен


Германските државни обвинители денеска изјавија дека нашле докази оти копилотот на Германвингс Андреас Лубиц, кој е осомничен дека намерно го урнал авионот на француските Алпи, ја криел од работодавците неговата „неодредена здравствена состојба.“ Документи со медицинска содржина што биле конфискувани од домот Лубиц, покажуваат дека тој бил болен и дека посетувал лекарски третмани, соопштија од канцеларијата на обвинителот во Диселдорф. „Фактот дека се пронајдени белешки кои покажуваат дека Лубиц не бил во состојба да работи, ја поддржуваат претпоставката врз основа на испитувањата дека тој ја криел својат болест од компанијата и неговите колеги.

XS
SM
MD
LG