Достапни линкови

Таџикистан бара помош од Русија да евакуира свои граѓани од Јемен


Таџикистанските власти соопштија дека побарале помош од руските власти да евакуираат од Јемен околу 100 таџикистански здравствени работници и нивните семајстава, откако колицијата предводена од Саудиска Арабија започна воздушни напади во земјата. Министерот на надворешни работи на Таџикистан, денеска изјави дека неговата амбасада во Катар се обидува да ги префрли таџикистанските граѓани во побезбедни области во Јемен и потоа да ги вратат дома, со помош на руските власти и компании. Министерството соопшти дека таџикистанските лекари работат во Јемен со договори добиени преку руски компании. Таџикистан повеќепати ги повика своите граѓани да го напуштат Јемен, откако земјата на Арапскиот Полуостров беше втурната во хаос по преземањето на главниот град и други области од страна на шиитските бунтовници Хути. Но, медицинските работници ги игнорирале предупредувањата. Таџикистанска медицинска сестра беше киднапирана и држена скоро четири месеци во јужен Јемен, од група која од властите бараше откуп и ослободување на затвореник. Таа во февруари се врати дома.

XS
SM
MD
LG