Достапни линкови

Упорно оддалечување од ЕУ


Соња Стојадиновиќ, магистар по меѓународна политика.
Соња Стојадиновиќ, магистар по меѓународна политика.

Со овој застој, не само што е загрозена препораката за почеток на преговори, туку е загрозен и кандидатскиот статус кој Македонија го има десет години и за кој грчевито се бори да го задржи наместо да продолжи во позитивен правец, поточно во преговори, пишува политикологот Соња Стојадиновиќ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Кризата која се заканува да ја урниса Македонија секако дека не остана незабележана од страна на Европската унија. Пораката која стигна од Брисел за застој во Пристапниот дијалог на високо ниво е јасна порака за драстично загрозување на односите помеѓу Македонија и ЕУ бидејќи нашите политичари не знаат да читаат пораки и знаци искажани со дипломатски речник. Со овој застој, не само што е загрозена препораката за почеток на преговори, туку е загрозен и кандидатскиот статус кој Македонија го има десет години и за кој грчевито се бори да го задржи наместо да продолжи во позитивен правец, поточно во преговори.

Нашите срамови и упорни назадувања во процесот на евроинтеграцијата не се од вчера и не се од бојкотот на опозицијата на Собранието, ниту од исфрлањето на опозицијата и новинарите во 2012 година. Срамот и уназадувањето почнаа од 2008 година после првите вонредни парламентарни избори кои не само што беа непотребни, туку беа вовед во диктатурата која сега ја живееме.

Одземањето на препораката за почеток за преговори за Македонија би значело дека процесот на демократизација не само што застанал туку и назадувал. Доказ дека основните постулати на една држава која себеси се претставува за демократска, се погазени, дерогирани, отстранети од политичкиот систем. Нашите срамови и упорни назадувања во процесот на евроинтеграцијата не се од вчера и не се од бојкотот на опозицијата на Собранието, ниту од исфрлањето на опозицијата и новинарите во 2012 година. Срамот и уназадувањето почнаа од 2008 година после првите вонредни парламентарни избори кои не само што беа непотребни, туку беа вовед во диктатурата која сега ја живееме. Константното бомбардирање на јавноста дека нас ЕУ не нè сака, дека не потценува и омаловажува беа секојдневна реторика на ДПМНЕ за отупување на своето членство и гласачко тело за да може непречено да ги окупира институциите на системот и со тоа да ја убеди јавноста дека ништо добро нема да ни донесат евроинтеграциите и дека најдобрата опција се тие и никој друг.

Следната порака од Брисел нема да дојде во облик на предупредување, препорака или слично, туку постои огромна опасност Македонија да стане преседан во историјата на ЕУ и да и биде одземена препораката за почеток на преговорите, а следната казна би била одземање и на кандидатскиот статус. Овие две драстични мерки би ја довеле унијата во ситуација да признае дека погрешила во проценувањето на македонските демократски капацитети и подготвеноста на владеачката коалиција да ја води државата во реформи кои од неа ќе направат достоен член на европското друштво. Признавањето на таа погрешна проценка би ги зголемило критериумите на унијата за членство кои во иднина ќе бидат уште поголем проблем за нас да ги постигнеме ако сега не ја решиме кризата. Држењето настрана од оваа криза од страна на меѓународните фактори ни покажува две работи: оставени сме барем еднаш сами да си ги решаваме политичките проблеми кои сами сме ги создале и тест да видиме до кој степен сме напреднале или сме уназадиле во подготвеноста сами да ја сносиме одговорноста за секој проблем во државата.

Следната порака од Брисел нема да дојде во облик на предупредување, препорака или слично, туку постои огромна опасност Македонија да стане преседан во историјата на ЕУ и да и биде одземена препораката за почеток на преговорите, а следната казна би била одземање и на кандидатскиот статус.

Иако оваа политичка криза е можеби најголемата од осамостојувањето на Македонија, начинот на нејзиното решавање ќе биде клучен за иднината на државата. Можеме да бираме на кој начин ќе се решава овој проблем. Можат да дојдат меѓународни посредници и да ги натераат опозицијата и позицијата да преговараат сè додека не се дојде до заедничко прифатливо решение или решението да ни биде испорачано со притисок да биде прифатено и имплементирано. Ако дозволиме странските фактори да ни го решаваат проблемот, ќе докажеме дека сè уште не сме политички зрели ниту за сопствена држава, ниту за членка на ЕУ. Но, ако седнеме сами да го решиме проблемот, тогаш на нас ќе биде гледано од малку поинаков аспект, со тоа ќе докажеме дека сакаме да сносиме одговорност и да си бидеме полноправен европски член, а не размазено балканско дериште кое упорно сака да биде дел од светот на возрасните.

XS
SM
MD
LG