Достапни линкови

Бриселска помош за надминување на кризата


ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ в понеделник ќе имаат средба со посредништво на европските парламентарци кои ќе се обидат да го олеснат политичкиот дијалог.

Останува и понатаму отворено прашањето како ќе се разреши политичката криза со оглед дека останува антагонизмот меѓу власта и опозицијата, а в понеделник ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе имаат средба со посредништво на европските парламентарци кои ќе се обидат да го олеснат политичкиот дијалог. Од оваа средба, која е прва од ваков тип и на која ќе присуствуваат пратениците Вајгел, Кукан и Ховит, дел од експертите не очекуваат да има посериозен исчекор меѓу двете страни бидејќи тие останаа на своите познати ставови.

Вака со партии не е можно. Тоа треба некој кој ќе има углед да ги свика Заев и Груевски, дали тоа можеби е Јункер. Овие што ќе одат од овде немаат никакви овластувања, ќе си дојдат со тврдите ставови на раководствата и едните и другите.

Поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов вели дека политичката криза може да се реши на повисоко ниво.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

„Вака со партии не е можно. Тоа треба некој кој ќе има углед да ги свика Заев и Груевски, дали тоа можеби е Јункер. Овие што ќе одат од овде немаат никакви овластувања, ќе си дојдат со тврдите ставови на раководствата и едните и другите“, вели Андов.

Со спротивни очекувања е Алајдин Демири. Тоа вклучување на земјите членки значи дека меѓународната заедница го подига нивото на притисок, вели тој.

Појдовните позиции се крајно антагонистички, непризнавање на изборите и преодна влада, меѓутоа аферата Прислушување и Пуч по сè изгледа укажува на некакво назадување, односно попуштање на Груевски.

„Појдовните позиции се крајно антагонистички, непризнавање на изборите и преодна влада, меѓутоа аферата Прислушување и Пуч по сè изгледа укажува на некакво назадување, односно попуштање на Груевски“, вели Демири.

По завршувањето на Конференцијата за политичка култура која претходеше на средбата во Брисел, Антонио Милошоски и Радмила Шеќеринска останаа на познатите ставови - ВМРО-ДПМНЕ бара дебатите да се водат во парламентот, а СДСМ бара преодна влада.

Како и да е, во јавноста се оддава впечаток дека со странско посредништво ќе се решаваат отворените прашања, но прашање е каков е легитимитетот на политичарите да се справат со вакви состојби, со што се покажува дека тие не се способни. Дел од коментарите се дека граѓаните го дале својот глас за политичари што ќе решаваат секакви проблеми, а не со посредништво на претставници од надвор кои треба да менаџираат со политичката ситуација во земјава. Меѓутоа, дел од експертите нагласуваат дека сигналот од ЕУ е јасен со вклучувањето на земјите членки во разрешување на кризата и дека не може да се зборува за политичка криза во земјава и таа во исто време да ја задржи препораката од ЕУ.

„Не е ништо страшно, ние сме во постапка за добивање полноправно членство, сега сме со кандидатски статус и Брисел нам ни е и спонзор и ментор, така што не е ништо лошо ако ни помогнат да ги расчистиме работите и да се унапреди демократијата кај нас“, вели Андов.

Инаку, според информациите, евро-пратениците најпрвин ќе ги слушнат ставовите на двете страни за актуелната политичка криза. Двете страни ја потврдија подготвеноста за тоа.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG