Достапни линкови

Продолжуваат преговорите за нуклеарната програма на Иран


Преговорите меѓу Соединетите држави и Иран за иранската нуклеарна програма денеска продолжуваат во швајцарскиот град Лозана. Вчера американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф се сретнаа на прва рунда разговори со цел да се постигне рамковен договор пред истекот на рокот, 31 март. Шесте светски сили и Иран веќе две години преговараат за да дојдат до договор со кој ќе се ограничи иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на меѓународните санкции. Иран демантира дека развива нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG