Достапни линкови

Расте бројот на баратели на азил


Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци објави извештај кој покажува дека се зголемува бројот на луѓе кои аплицираат за азил во 44 земји што во извештајот се наведени како „индустријализирани“. Само во минатата година биле регистрирани 866 илјади баратели на азил. Тоа, според извештајот, е за скоро 270 илјади повеќе од претходната 2013 година, или скок од 45 насто. Како главни причини се наведени вооружени конфликти, влошување на безбедносната или хуманитарната ситуација и кршење на човековите права. Најмногу баратели на азил има од Сирија, Ирак, Авганистан, Србија и Косово. Пет најпосакувани дестинации се Германија, Соединетите држави, Турција, Шведска и Италија. Најголем пораст на баратели на азил има во јужна Европа, каде што главно стигнуваат со бродови преку Медитеранот. Бројот на нови баратели на азил во Германија лани изнесуваше 173 илјади, што е за 58 насто повеќе во споредба со претходната година.

XS
SM
MD
LG