Достапни линкови

Ирачките сили напредуваат кон Тикрит


Ирачките специјални сили вчера започнале, како што е соопштено во Багдад, конечна акција за повторно преземање на контролата врз градот Тикрит кој е во рацете на милитантите на Исламската држава. Ирачките сили напредувале со воздушна поддршка од коалицијата предводена од Соединетите држави. Акцијата се одвивала без шиитските милиции поддржани од Иран, кои одбиле да учествуваат во неа бидејќи биле вклучени и американски борбени авиони. Милитантите на Исламската држава го освоија сунитскиот град Тикрит во минатото лето.

XS
SM
MD
LG