Достапни линкови

Полицијата ги пребара домовите на копилотот на Германвингс


Андреас Лубиц

Германската полиција ги пребарала домовите на младиот копилот кој по се изгледа намерно го урнал авионот на Германвингс во француските Алпи при што загинаа сите 150 патници и членови на екипажот. Француските обвинители претходно соопштија дека според снимките од пилотската кабина, 27 годишниот Андреас Лубиц се затворил сам во кабината и намерно го насочил авионот да се урне. Надлежните органи во Франција и во Германија соопштија дека немаат индикации оти тој бил терорист, но не понудија некоја друга теорија за да се објасни неговото дејствување. Жителите во неговиот роден град Монтабаур, Германија го опишуваат какољубезен млад човек. Веднаш по објавата на француските обвинители, неколку авиокомпании ги сменија правилата и забранија само еден човек да може да останува во пилотската кабина. Ова правило одамна важи во Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG