Достапни линкови

Ние сметаме дека е потребен паралелен пристап кон барањето на излез од ситуацијата - дијалог меѓу политичките сили, додека паралелно е потребно правна истрага од независно судство, вели германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер.

Германската амбасада во Скопје, како и останатите странски дипломати во земјава, одблизу ги следат случувањата во Македонија и сериозно ги земаат предвид објавените материјали на опозицијата за кои таа тврди дека се дел од прислушуваните разговори.

Политичкиот дијалог е една појдовна точка, според нашата гледна точка, за надминување на кризата. За да се спојат овие работи, ние сметаме дека е потребен паралелен пристап кон барањето на излез од ситуацијата. Дијалог меѓу политичките сили со добра волја и отворен дух, тоа е важно, додека паралелно е потребно правна истрага од независно судство.

Амбасадорката Кристине Алтхаузер, во интервју за Радио Слободна Европа кое ќе го емитуваме в недела, изјави дека заедно со меѓународните партнери одблиску ќе го мониторираат идниот развој на настаните, вклучувајќи ја и работата на судството во однос на истрагата која треба да се спроведува. Таа изрази загриженост за случувањата и истакна дека политичката криза ја става земјава во екстремно тешка ситуација. Амбасадорката Алтхаузер додава дека Германија ја поддржува иницијативата на еврокомесарот Јоханес Хан да посредува во конфликтот меѓу опозицијата и владата и за набљудување на судската истрага за обвиненијата.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

Се плашам дека може ако течат тие процеси паралелно, власта да го употреби судскиот процес како преговарачка алатка или како можност за уценување, или притисок врз опозицијата.

„Од една страна, не можеме да ги занемариме сериозните обвинувања коишто ги истакна опозицијата базирани на објавените прислушуваните разговори. Дополнително, двете страни во меѓувреме поднесоа кривични пријави едни против други, така што судството треба да одигра многу важна улога во овој процес и јас би сакала да обрнам внимание на извештајот за напредокот на Македонија од Европската комисија за 2014 та година, во кој беше наведена загриженоста, сериозна загриженост, дури и во однос на политичкото влијание врз судството. Ако снимените разговори се автентични, тогаш се чини дека ја поддржуваат загриженоста на Комисијата. Ова навистина многу сериозно нè загрижува и треба да биде итно решено од властите на сериозен начин“, вели таа.

Ова се во основа и политички прашања кои треба да бидат решени од политичките сили во вашата земја, вели амбасадорката Алтхаузер.

„Така што политичкиот дијалог е една појдовна точка, според нашата гледна точка, за надминување на кризата. За да се спојат овие работи, ние сметаме дека е потребен паралелен пристап кон барањето на излез од ситуацијата. Дијалог меѓу политичките сили со добра волја и отворен дух, тоа е важно, додека паралелно е потребно правна истрага од независно судство“, вели таа.

Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование вели дека со оглед на ниската доверба во институциите особено во судството, тешко дека еден паралелен процес би можел да донесе праведно решение на политичката криза.

„Се плашам дека може ако течат тие процеси паралелно, власта да го употреби судскиот процес како преговарачка алатка или како можност за уценување, или притисок врз опозицијата“, вели тој.

Маричиќ додава дека за да има кредибилитет паралелниот судски процес со политичките договори, треба сериозно да биде мониториран од меѓународната заедница.

„Не гледам во овој момент како е тоа можно, значи тоа би требало да се разгледа кои би биле моделите, за да јавноста има интерес и доверба во таков процес, со оваа структура на судството, тешко дека е тоа изводливо и на начин на кој власта тоа го замислува, тоа само може да ја продлабочи кризата и да ја зголеми поларизацијата во општеството“, вели тој.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG