Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува да креира дестабилизација на институциите


ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на прес-конференција на лидерот на СДСМ, во која се вели дека Зоран Заев продолжува да се обидува со креирани, монтирани, сечени, лепени и прелепувани разговори да креира дестабилизација на институциите во Република Македонија, со единствена негова цел да се добере до власт без никаква поддршка од граѓаните.

Во реакцијата се истакнува дека Зоран Заев е свесен оти со ова негово сценарио одработува за странски центри кои, како што се потенцира во реакцијата, имаат лоши цели во однос на државата и нејзините државни интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека автопатите за кои денес зборувал Зоран Заев се реализираат во крајно легална и транспарентна постапка со Закон донесен во Собранието на РМ, исто онака како што и други крупни инфраструктурни проекти во минатото биле градени.

XS
SM
MD
LG