Достапни линкови

Одбиено барањето Савченко за промена на судијата


Барањето на украинската пилотка Надја Савченко да го замени судијата за нејзиното судење, беше одбиено. Судијата Артур Карпов, од судот во Москва, својата одлука ја објасни дека во барањето на Савченко да го замени со друг судија, имало „недостаток на оправдување“. Адвокатите на Савченко бараа Карпов да биде заменет, велејќи дека тој бил вклучен во листата на руски претставници врз кои Министерството за финансии на САД воведе санкции, за нивната вмешаност во случајот со Сергеј Магнитски, кој почина во затвор во Москва во 2009 година. Савченко е обвинета за вмешаност во смртоносен напад во кои беа убиени двајца руски новинари, кои известуваа за конфликтот меѓу владините сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG