Достапни линкови

Кери ја пофали воената акција против Хути бунтовниците во Јемен


Државниот секретар на САД, Џон Кери во телефонски разговор со министрите за надворешни работи на арапските заливски земји, ја пофали воената акција против Хути бунтовниците во Јемен. Неименуван висок претстравник од Стејт департментот денеска беше цитиран како вели дека Кери ја истакнал поддршката на напорите предводени од Саудиска Арабија, вклучително размена на разузнавачки информации и соодветна логистичка поддршка за воздушните напади врз целите на Хути бунтовниците. Саудиските власти соопштија дека заедно со нивните сојузници извршиле воздушни напади против шиитските бунтовници за да ја „заштитат и одбранат легитимната влада“ на претседателот Абд Рабу Мансур Хади. Бунтовниците поддржани од Иран го принудија Хади да го напушти главниот град Сана. Тгехеран ги осуди воздушните напади, велејќи дека тоа е „опасен чекор.“

XS
SM
MD
LG