Достапни линкови

logo-print

Путин го обвини Западот дека планира да ги наруши изборите во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини западните земји дека планираат да влијаат или да ги нарушат изборите во Русија во текот на следните неколку години, вклучително и изборите во 2018 година кога тој може да бара нов мандат. Ова обвинување беше едно од неколкуте на Путин против Западот за време на денешниот сосотанок со високи претставници на Федералната служба за безбедност, наследничка на советската КГБ. Путин рече дека западните разузнавачки служби планираат серија акции за време на изборниот период во 2016 и 2018 година. Тој додаде дека тие се обидуваат да ја потиснат Русија со повеќе мерки, од обиди за политичка изолација и економски притисок, до голема информациска војна и шпионажа. Тој додаде дека никогаш нема да успеат обидите да се заплаши Русија.

XS
SM
MD
LG