Достапни линкови

Копилотот сакал да го урне авионот на Германвингс


Копилотот на авионот на Германвингс кој се урна врз француските Алпи при што загинаа 150 луѓе, се чини дека го урнал намерно, вели обвинител во Марсеј. 28-годишниот германски државјанин Анреас Лубиц, останал сам во пилотскаат кабина во Ербасот А320 откако пилотот ја напуштил и потоа одбивал да ја отвори вратата и го притиснал копчето кое го пратил авионот во фатално паѓање, изјавил обвинителот на прес-конференција. Тој додаде дека нема основа за сомневање во тероризам.

XS
SM
MD
LG