Достапни линкови

logo-print

САД и коалицијата им помогна на ирачките сили во борбата за Тикрит


Ирачки официјални лица соопштија дека воени авиони на Ирак и колацијата предводена од САД гаѓаа област во Тикрит, која повеќе од три недели е под контрола на милитантите на Исламската држава. Информациите за нападите доаѓаат откако авионите на коалицијата ги започнаа првите напади против целите на ИД во северниот град, помагајќи им на ирачките сили заедно со шиитската милиција поддржана од Иран. Портпаролот на ирачкото Министерство за одбрана, Тахсин Ибрахим Садик рече дека воздушните сили на Ирак и коалицијата извршиле воздушни напади врз претседателските палати кои се наоѓаат во седиштето на милитантите на ИД. Повеќе од 20 илјади трупи, заедно со шиитските паравоени групи учествуваат во офанзивата и претрпеа големи загуби во Тикрит.

XS
SM
MD
LG