Достапни линкови

logo-print

Москва: новата стратегија на САД е антируска


Москва ја оцени како антируска новата американска стратегија за национална безбедност. Рускиот Совет за безбедност смета дека долгорочно Соединетите држави заедно со сојузниците ќе продолжат да вршат притисок за политичка и економска изолација на Русија. Белата куќа во минатиот месец објави ажурирана безбедносна стратегија, во која Русија се портретира како регионален агресор и закана за стабилноста откако го анектира украинскиот полуостров Крим, како и поддршката за сепаратистите во источна Украина. Рускиот Совет за безбедност смета дека Соединетите држави ќе преземеле значајни напори за да креираат антируски политички курс во земјите кои и се пријатели на Русија и ќе се обиделе да го намалат руското влијание во екс советските републики.

XS
SM
MD
LG