Достапни линкови

logo-print

Могерини во посета на Приштина и Белград


Федерика Могерини

Федерика Могерини

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска ќе престојува во Приштина, а утре во Белград со цел да го поттикне дијалогот меѓу двете страни и да разговара за, како што е наведено во Брисел, следните чекори на Србија и Косово на европскиот пат. Вчера во Приштина беше одржана министерска конференција на шест земји од Балканот на која се расправаше за регионалните инфраструктурни проекти. На состанокот еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека Унијата планира до 2030 година да даде милијарда евра за проекти од инфраструктурата во регионот. Меѓу учесниците на состанокот во Приштина беше и шефот на српската дипломатија Ивица Дациќ, што беше прва посета на еден српски дипломат од независноста на Косово во 2008 година.

XS
SM
MD
LG