Достапни линкови

Уапсени 77 осомничени за шверц на луѓе од Косово


Европската полиција Еуропол соопшти дека вчера во неколку европски земји биле уапсени осомничени за шверц на околу 10 илјади имигранти од Косово во Европската унија. Во акцијата биле вклучени 400 полицајци кои уапсиле 77 луѓе во Австрија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Словачка и Косово. Осомничените главно биле Косовари, Чеси, Словаци, Срби, Босанци и Македонци. Тие наплаќале околу 2 илјади и осумстотини евра од човек и околу 7 илјади евра од семејство за да овозможат нивниот илегален пат од Србија, преку Унгарија која е дел од Шенген зоната.

XS
SM
MD
LG