Достапни линкови

Времето денеска: повремено врнежливо


Во Македонија ќе биде променливо облачно со локален повремен дожд. Кон крајот на денот и во вечерните часови се очекуваат пообилни врнежи на повеќе места. Локално ќе има и појава на пороен дожд проследена со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 12 до 17 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

XS
SM
MD
LG