Достапни линкови

Парите за нови прозорци и фасада се враќаат за 5-10 години


За да се инвестира во енергетска ефикасност во домовите во Македонија се потребни околу 300 милиони евра, а за таков проект може да се вработат до 10 илјади луѓе.

Инвестирањето во енергетска ефикасност во домовите се исплатува за 5 до 10 години со заштедите за греење и ладење, но само 4 отсто од вкупниот станбен фонд во Македонија е енергетски ефикасен. За да се инвестира во нова столарија и изолација и да се преземат други мерки за да се задоволат критериумите за енергетска ефикасност во домовите во Македонија се потребни околу 300 милиони евра, а за таков проект може да се вработат до 10 илјади луѓе.

Инвестирањето во енергетска ефикасност се исплати на рок од 5 до 10 години и дека не треба нова инвестиција, туку едноставно треба само механизам со кој расположивите ресурси ќе се стават во функција и потоа преку заштеда на енергија ќе се вратат кај инвеститорите.

Ова се дел од поентите кои беа кажани од дискутантите на денешниот Инвестициски форум за енергетска ефикасност во секторот домување, што се одржа во Скопје во организација на УСАИД и Хабитат.

Директорот на Хабитат Македонија, Зоран Костов, рече дека нивната цел е да се обезбеди мотивација на сопствениците на домовите да преземат активности за подобрување на енергетската ефикасност.

Според анализите, потенцијалниот пазар во овој сегмент би изнесувал околу 300 милиони евра за воведување енергетска ефикасност што е значајна сума и значаен бизнис од наш аспект, а истовремено и отворање на дополнителни 8 до 10 илјади работни места.

„Инвестирањето во енергетска ефикасност се исплати на рок од 5 до 10 години и дека не треба нова инвестиција, туку едноставно треба само механизам со кој расположивите ресурси ќе се стават во функција и потоа преку заштеда на енергија ќе се вратат кај инвеститорите“, рече Костов.

Директорот на УСАИД Македонија Џејмс Стајн рече дека со инвестирањето во енергетска ефикасност може да заштеди до 40 отсто од енергијата.

„Енергетската ефикасност е економско прашање, прашање на животна средина, но и прашање на квалитетот на живеење“, рече тој.

Ако го земеме податокот дека просечниот македонски дом троши 120 до 160 киловат часови по квадратен метар годишно за загревање, значи дека седно квалитетно живеалиште во Македонија, со квалитетна фасада, светилки, прозорци и електрични уреди може да заштеди најмалку 30 до 40 проценти електрична енергија.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски рече дека Македонија има стратегија за енергетска ефикасност до 2020 година за чие спроведување се потребни повеќе од 500 милиони евра.

„Ако го земеме податокот дека просечниот македонски дом троши 120 до 160 киловат часови по квадратен метар годишно за загревање, значи дека седно квалитетно живеалиште во Македонија, со квалитетна фасада, светилки, прозорци и електрични уреди може да заштеди најмалку 30 до 40 проценти електрична енергија, а со тоа и намалување на емисиите на јаглерод диоксид, полутантите, ПМ честички и други штетни материи“, рече Темелковски.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески рече дека според направените анализи, од вкупно околу 450 илјади станбени единици во Македонија, само околу 4 отсто ги задоволуваат критериумите за енергетска ефикасност, рече тој. Според него, можеби треба да се размислува за основање фонд за енергетска ефикасност кој ќе овозможи поддршка, како на јавниот, така и на приватниот сектор.

„Според анализите, потенцијалниот пазар во овој сегмент би изнесувал околу 300 милиони евра за воведување енергетска ефикасност што е значајна сума и значаен бизнис од наш аспект, а истовремено и отворање на дополнителни 8 до 10 илјади работни места“, вели Азески.

УСАИД и Хабитат спроведуваат проект за енергетска ефикасност во секторот домување, со кој им се помага на семејствата кои живеат во колективни станбени згради да ја намалат потрошувачката на енергија. Досега во рамки на проектот се реновирани 32 станбени згради во кои живеат повеќе од 600 семејства во седум општини.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG