Достапни линкови

logo-print

Тренчовски со претстава за борбата на академизмот против примитивизмот


Со првата од трите предвидени премиери на претставата „Кабинетот на професор Тарана“, што по мотиви од култниот текст на Артур Адамов ја режираше Горан Тренчовски, струмичкиот театар „Антон Панов“, овој четврток, на 26 март, во 20 часот, во предвечерието на Светскиот ден на театарот ја почнува својата нова сезона. Во пиесата во која во центарот на вниманието е квартетот кој битисува среде бирократскиот вител на академската апокалипска улогите ги толкуваат актерите од неколку генерации - Кољо Черкезов, Оливера Аризанова мансбарт, Бранко Бенинов и Игор Тодоров.

Горан Тренчовски, во струмичкиот театар „Антон Панов“, како своја 15-та режија, се реши да ја постави „Кабинетот на професор Тарана“. Претставата е работена по мотиви на текстот од Артур Адамов напишан во 1951, чија праизведба се случила две години подоцна во Тетарот на комедијата во Лион.

Ние со години и со векови наназад се бориме за истакнување на одредени вредности кои што секој поединец, секоја индивидуа ги носи со себе меѓутоа, од разно разни причини, тие вредности се потиснуваат. Токму заради тоа што постојат недостиг на критериуми за вреднување на одредени нешта.

Станува збор за култно дело на Ерменецот кој иако роден во Русија целиот свој творечки живот го поминал во Франција и кое се вбројува во антологијата на модерниот театар на апсурдот, покрај оние на Семјел Бекет и Ежен Јонеско.

Во пресрет на трите премиерни кои графитираат околу одбележувањето на 27 март - Светскиот ден на театарот, Тренчовски знае да каже дека проектот ќе биде своевидно изненадување за публиката.

Macedonia - Theatre play "Cabinet Professor Tarana", directed by Goran Trenchovski.

Macedonia - Theatre play "Cabinet Professor Tarana", directed by Goran Trenchovski.

Тој појаснува дека во процесот на подготовка на претставата се занимавале со еден истражувачки дискурс во актерско-режисерска смисла и дека притоа дошле до низа интересни сценски решенија водени врз начелата на камерната, интимистичката сценска форма. Вели дека во „Кабинетот на професор Тарана“ се вклучени актери од повеќе генерации и дека нивниот креативен потенцијал бил база за градење на исклучително возбудливо и повеќеслојно драмско ткиво, со двосмислени значења, со јасна иронија кон одредени универзални состојби и со голема доза верба во разоткривањето на она што се нарекува академска професија.

Но тие млади луѓе носат нов сензибилитет, нов начин на изразување пред сè на сцена кој мене и тоа како ми беше предизвик и навистина многу сум благодарен на колегите и режисерот бидејќи сторија напор од вакво старо и гнило дрво да направат нога за столче. Четвртата нога додуша е малку нагризана, гнила и стара, но јас сум среќен што сум дел од тоа столче.

„Основната поента на претставата, во онаа режисерска смисла, е вечниот конфликт и борбата помеѓу академизмот и примитивизмот. Ние со години и со векови наназад се бориме за истакнување на одредени вредности кои што секој поединец, секоја индивидуа ги носи со себе меѓутоа, од разно разни причини, тие вредности се потиснуваат. Токму заради тоа што постојат недостиг на критериуми за вреднување на одредени нешта. Затоа во оваа пиеса најдов една страотно актуелна битка која што кореспондира и со минатото и со сегашноста и се вика борба за професорската титула.“

Тренчовски пишува дека „Кабинетот на професор Тарана“ е театарска транскрипција на еден идеал на професорот, со сите негови весели и горчливи особености. Според него Тарана е академски професор со светска репутација, кому сакаат да му ги одземат идентитетот и славата во една зачудно смислена агонија; Јоана е асистентка со повеќе лица и своевиден инспиратор на заговорот околу професорот, а Еден и Друг се навигатори во параболичната хајка против професоровиот авторитет... Всушност, потенцира тој, „се работи за еден драмски квартет кој битисува среде бирократскиот вител на академската апокалипса“.

„При деконструкцијата на овој исклучителен „случај“, се соочуваме со дупла доза на еден кошмар отсонуван од некој кој директно искажува револт и ги урива шаблоните во едно невротично општество. Од една страна имаме „обвинение“, а од друга „одбрана“. Во еден момент, се пробива четвртиот ѕид и публикумот добива воајерска улога.

Монструозниот режим во кој егзистира професорот Тарана, ги соголува до коска намерите да се сочува оригиналноста на една кариера. Зборовите „кабинет, катедра, кабина“ – тука ја омеѓуваат сценската параноја со двосмислени значења и низ повеќеслоен, апсурдистички хумор.

Macedonia - Theatre play "Cabinet Professor Tarana", directed by Goran Trenchovski.

Macedonia - Theatre play "Cabinet Professor Tarana", directed by Goran Trenchovski.

Во претставата играат Кољо Черкезов, кој со ликот на професор Тарана по подолга пауза се враќа на сцена, Оливера Аризанова-Мансбарт задолжена за Јоана, младиот Игор Тодоров како Друг и искусниот Бранко Бенинов во улогата на Еден.

„Ретко ми се има пружено прилика да играм во еден ваков модерен проект како израз заради тоа што генерациски припаѓам на некоја друга школа. Таму од времето на Думов, Стојан Гогов, Зоре Георгиева...Но тие млади луѓе носат нов сензибилитет, нов начин на изразување пред сè на сцена кој мене и тоа како ми беше предизвик и навистина многу сум благодарен на колегите и режисерот бидејќи сторија напор од вакво старо и гнило дрво да направат нога за столче. Четвртата нога додуша е малку нагризана, гнила и стара, но јас сум среќен што сум дел од тоа столче“, вели Бенинов.

Конечно дизајнот на сцената и на костимите е на Ванчо Василев, музичката илустрација на Љупчо Филев, а со ова претстава театарот „Антон Панов“ од Струмица ја започнува и тековната сезонona.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG