Достапни линкови

logo-print

Оланд: Ќе ги дознаеме причините за падот на авионот


Францускиот претседател Франсоа Оланд, изјави дека француските власти ќе дознаат причините за падот на авионот на Германвингс на Алпите, при што загинаа 150 луѓе. Говорејќи заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и шпанскиот премиер Маријано Рахој во близина на местото на несреќата, Оланд рече: „Франција е со вас.“ Арбасот А320 на Германвингс се урна вчера по осумминутно спуштање. Инспекторите рекао дека можат да извлесат употреблива аудио снимка од црната кутија, за која беше соопштено дека е уништена. Од Луфтханза изјавија дека екипажот не испратил сигнал за помош и дека не одговорил на очајните обиди за контакт од контролата на земја.

XS
SM
MD
LG