Достапни линкови

Попоски: ЕУ препораката е загрозена поради бојкотот на парламентот


Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ никогаш и не прекинал. Тој се одвива исто како што се одвиваат и реформите во сите области кои ги покрива, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски во писмената изјава за Радио Слободна Европа.

На прашањето дали е загрозена препораката за влез на Македонија во Унијата, Попоски истакнува: „Секако дека препораката е загрозена. Македонија нема да почне преговори без да се согласат 28-те земји членки на ЕУ. Една од нив има јасно кажано што е условот. Таквото замаглување на европската иднина поттикнува конфликтност, а воедно и го урива стимулот за коректна политичка битка. Во отсуство на втората по големина група во Парламентот, голема работа им се врши на тие што се трудат да се тргне препораката за преговори.“

XS
SM
MD
LG